Денес 7 април, на годишнината на основањето на Светската здравствена организација, се одбележува Светскиот ден на здравјето.
По тој повод во просториите на нашeто училиште
СОУ "Димитар Мирасчиев, во соработка со -Црвениот крст ,беше организирана - Крводарителска акција, во која учествуваа нашите ученици и вработени.
Да се дарува крв и да се спаси нечиј живот,
воден од алтруистички побуди е благородно дело.
Доброволното крводарителство има една единствена
цел, а таа е да се мотивираат што поголем број на луѓе кои
треба доброволно да даруваат крв за да може да се соберат
потребните количини на крв и крвни продукти кои
се неопходни за лекување на болните и повредените.
Им благодариме на сите кои се вклучија во дарувањето крв и уште еднаш ја покажаа својата хуманост и солидарност.