Почитувани ученици и родители
Владата обезбеди систем за управување со учење (lms.schools.mk), односно нова Националната платформа за учење на далечина (schools.mk) во која е интегриран Microsoft пакетот со апликации како Outlook, Microsoft Teams, Word, Excel, PowerPoint, OneDrive, OneNote, Forms, Calendar) и дополнителни едукативни активности и ресурси кои ги има во новата платформа. Апликацијата Microsoft Teams обезбедува взаемна двонасочна електронска комуникација, за да реализира задолжителна настава, организира вежби, тестирања, проверка и објективно оценување на знаењето на учениците.
На официјалната веб страна schools.mk можете да се информирате за користење на НПУД преку упатства и видео-лекции кои се обезбедени од страна на Министерството за образование и наука.
Во услови на далечинско учење, Директорот формира Тим за поддршка и следење на реализација на далечинско учење со примена на средства за електронска комуникација, односно учење од дома.