СООПШТЕНИЕ ЗА ЛИТЕРАТУРЕН И ЛИКОВЕН НАГРАДЕН КОНКУРС по повод 24 Мај - Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј во организација на СОУ „Димитар Мирасчиев“ – Штип
По повод одбележувањето на 24 Мај - Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј во организација на СОУ „Димитар Мирасчиев” – Штип се распишува литературен и ликовен конкурс на кој може да учествуваат ученици од основните и средните училишта.
ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС
Ги охрабруваме сите млади творци да ја изразат својата мисла, емоција и креативност преку поезија или расказ.
Услови за учество:
- Право на учество имаат сите ученици од VI до IX одделение (основно образование) и од I до IV година (средно образование).
- Секој учесник може да испрати едно литературно дело (поезија или расказ).
- Творбите треба да бидат оригинални и необјавувани досега.
- Должината на текстот не смее да надминува 2 страници А4, фонт Ariel, големина 12 (за расказ), а песните не треба да бидат подолги од 24 реда.
- Творбите се испраќаат во електронска форма (во Word document) на следната email адреса: dmirasciev@yahoo.com. Во пораката треба да се наведат: име и презиме на авторот, одделение/година, училиштето, менторот и контакт телефон или е-маил.
Најдобрите творби ќе бидат наградени и објавени на веб-страната на училиштето: http://dmirasciev.edu.mk/
ЛИКОВЕН КОНКУРС
Преку своите цртежи учениците ќе имаат можност да ја искажат важноста на македнскиот јазик, азбука и делото на браќата Кирил и Методиј.
Услови за учество:
- Тема: Сликај го словото (јазик, букви, писменост, просветители)
- Право на учество имаат сите ученици од VI до IX одделение (основно образование) и од I до IV година (средно образование).
- Секој учесник има право да достави една ликовна творба (цртеж)
- Техника: темпера, акварел, колаж, молив, молив во боја
- Творбите треба да се достават во училиштето (лично или по пошта ул.Вита Поп Јорданова бр. 2 – Штип) или на email адреса: dmirasciev@yahoo.com. Цртежот треба да биде потпишан со име и презиме на ученикот, одделение/година, училиште, ментор, контакт број или е-маил.
Краен рок за доставување на творбите е 17 мај 2025.
Доделување на наградите ќе биде на 23 мај 2025 во НУБ„Гоце Делчев- Штип” во 12:00 часот.
Ве покануваме да го поттикнете и поддржите творечкиот дух кај учениците – заедно да го одбележиме овој голем културно-просветен празник со моќта на пишаниот збор и уметничкиот израз!
Со почит,
Литературна и ликовна секција при СОУ„Димитар Мирасчиев” - Штип
