Creative Fellowship

Стипендирање на талентирани ученици

Програмата “Creative Fellowship” е финансирана од  “Solway Investment Group”, компанија чиј огранок во нашата држава се рудниците “Бучим” и “Боров Дол”. 

 

Подолу има објаснување за програмата, а во прилог има Power Point презентација,  флаер со најважните информации, постер и видео за реклама.

 

“Creative Fellowship” е програма за стипендирање на млади талентирани ученици на возраст од 14 до 17 години, кои живеат во Северна Македонија, Украина и Гватемала. Тоа се земји во кои компанијата Solway Investment Group, има свои ограноци.  Други партнери во програмата се Salzburg Opera Festival, ZaZa Online School for Languages и 4YOU2 Idiomas – Art school.

 

Сите оние ученици кои имаат некаков уметнички талент, како на пример пеење, танцување, свирење на инструмент, цртање, рецитирање, фотографија, глума, жонглирање, гимнастика, аудио/визуелен дизајн, моден дизајн, изведување магични трикови итн. може да се пријават преку онлајн апликацијата на веб страната www.creativefellowship.org, најдоцна до 16.01.2022 година.


Како да се пријават?

1. Со споделување на линк од нивниот TikTok или Instagram профил во формуларот за регистрација (на погореспоменатата веб страна), АКО на нивните профили имаат поставени објави со кои што го прикажуваат нивниот талент, или

2. Да снимаат видео до 90 секунди, во кое што ќе се претстават себеси на македонски или англиски јазик и ќе го покажат својот талент, па потоа ќе го прикачат видеото на YouTube, опција unlisted (само оној на кој што го испраќате видеото може да го види) и ќе го приложат линкот во формуларот за регистрација (на погореспоменатата веб страна).

 

Што нуди стипендијата?

Од сите апликанти ќе бидат избрани 15 учесници кои во второто полугодие од учебната 2021/22 година ќе посетуваат:

Ø  онлајн курс по aнглиски  јазик;

Ø  онлајн курс по историја на уметност;

Ø  онлајн мастер клас часови за уметнички перформанси;

Ø  Q&A виртуелни сесии со познати личности;

Ø  виртуелна изведба на нивното лично дело/перформанс, под менторство на тимот на Салцбуршкиот фестивал


ФИНАЛНА НАГРАДА 

Персонализирано патување за 2 финалисти во Салцбург и  учество во изведбата на Меѓународниот оперски камп од  Салцбуршкиот фестивал во месец август во времетраење од една недела.

Ова е една прекрасна можност за младите таленти од нашата земја да видат и запознаат една друга култура, да стекнат нови пријателства, да го подобрат својот англиски јазик, да научат за различните уметности низ историјата, и да го развијат и покажат својот талент пред професионалци од светски ранг, како што се кореографи, оперски пејачи, уметници, музичари итн, како и уметничкиот директор на Салцбуршкиот фестивал.


Со почит,

М-р Катерина Сусинова

Проф. по англиски јазик

Заменик координатор за програмата  “Creative Fellowship”

NM_KV_Solway_Festival_2022_final_January-02
флаер-слика
Флаер за Creative Fellowship 2022
Презентација за Creative Fellowship 2022
Видео за Creative Fellowship 2022