На ден 30.09.2021 за сите вработени од СОУ „Димитар Мирасчиев“ - Штип, е спроведена обука за користење на ПП апарати во случај на пожар, од страна на професионална компанија за одржување, сервисирање и полнење на противпожарни апарати „Заштита - трејд“ ДООЕЛ Штип. Извршена е и практична демонстрација од страна на претставник од компанијата, а исто така и вработените имаа можност за ракување со два вида на апарати за гаснење на пожар.
