На денешен ден 1971 година во Лондон, се одржа првиот светски конгрес на Ромите. На овој конгрес се сретнуваат претставници на Ромите од 14 земји. За официјален јазик е прогласен ромскиот јазик (Romani chip) како и универзална употреба на терминот „ром“, наместо различните називи за овој народ: цигани, џипси, ацигани ... За официјална химна е прогласена џелем џелем (одев одев), а меѓународното знаме е составено од зелена боја - која симболизира земја; плава боја - симболизира небо и црвено тркало - коe ја претставува миграцијата на Ромите.
РОМ значи човек. Нека е честит меѓународниот ден на правата на Ромите.