Донации на текстилни материјали

Им изразуваме голема благодарност и на овие компании за поддршката која ја дават на нашите ученици за полесно и поквалитетно изведување на практичната настава со цел постигнување на подобри резултати.


На 09.02.2021 година во нашето училиште, од текстилната компанија МК-ФАММОДЕ, беа доставени текстилни материјали и помошни материјали за вежби на учениците. 


На 08.02.2021 година во нашето училиште, од текстилните компаниите ВИТ и ТИСТАЈЛ беа доставени текстилни материјали и помошни материјали за вежби на учениците.

На 05.02.2021 година во нашето училиште, од текстилната компанија МАВИС беа доставени една обична машина за шиење, една специјална машина за шиење (енгларица), конци и текстилни материјали за шиење за вежби на учениците за успешно изведување на практична настава.