Почитувани,
1. НЕКСУС Граѓански концепт изработи тематски видео алатки за поддршка на капацитетите на наставниците во средните училишта за рано откривање и спречување на насилниот екстремизам, и градење на отпорност на учениците кон радикализацијата што може да доведе до насилен екстремизам. Овие видеа се исклучиво намнети за училишниот кадар и за Ваша интерна употреба во Средните училишта и се изработени на два јазика Македонски и Албански. За да ги видите видеата кликнете на овој ЛИНК.
2. Исто така, изработивме видео алатки за едукација на тема Сајбер безбедност и Сајбер криминал, истите може да се најдат на два јазика Македонски и Албански. Овие видеа би можеле да ги закачите и на вашите веб страници и да ги споделите со вашите ученици. За да ги видите видеата кликнете на овој ЛИНК.
3. Исто така, изработивме видеа од Вебинарите за Сајбер бебзедност и Сајбер криминал, Дезинформации, Лажни вести, Говор на омраза и сл. За да ги видите видеата кликнете на овој ЛИНК.
За дополнителни прашања или било каков интерес во насока на видеата, Ве молиме слободно контактирајте не.
Ви посакуваме успешна работа!
Со почит,
Afrodita Musliu
Executive Director NEXUS - Civil Concept
Skopje, North Macedonia