Денес беше реализирана заедничка активност за меѓуетничко интегрирање во образованието помеѓу "СОУ Димитар Мирасчиев" Штип со македонски наставен јазик и СОУ "Перо Наков" со албански наставен јазик. Темата беше заедничка наставна единица од предметот Костимографија. Резултатите од работилницата беа илустрации на автентичен костим со цел учениците да умеат студиозно да пристапуваат во процесот на нивно образување изучувајќи го предметот Костимографија. Остваривме и мултикултурен дијалог преку кој го утврдивме теоретскиот дел кој беше презентиран за време на презентацијата.