3 декември се одбележува како Меѓународен ден на лицата со попреченост. Не е доволно само еден ден да им се посвети внимание на овие лица и на нивните права за еднаквост со другите. Овие лица најмногу бараат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството.
Инклузивното образование е квалитетен воспитно-образовен процес кој за СИТЕ деца, идни граѓани на инклузивното општество, значи присуство, учество и постигнување успех, согласно индивидуалните потенцијали.
Децата со посебни образовни потреби се децата со попреченост. Деца со посебни образовни потреби се и сите талентирани ученици за кои се потребни додатни активности, во зависност од областа за која се надарени. Сите деца понекогаш имаат потреба од дополнителна или додатна поддршка, исто како и секој човек на планетава Земја. Инклузијата ни е потребна на сите. Некогаш даваме, а некогаш примаме поддршка. Затоа сме луѓе!