Денови на текстилната индустрија – Промоција на младата генерација

МОДЕРНАТА ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА ПРИВЛЕЧНА КАРИЕРА ЗА МЛАДИТЕ ГЕНЕРАЦИИ И ПРИДОНЕСУВАЧ КОН ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ И СОЦИЈАЛЕН ПРОСПЕРИТЕТ НА ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН
122659378_3648698425195099_7683326607320735486_n

На ден 24.10.2020 година, во Дом на млади - Општина Штип, се реализира проектот Модерна текстилна индустрија по повод „Денови на текстилната индустрија по меѓугранични региони - Промоција на младата генерација“.

Од декември 2019 година, на капсулните колекции израбтени од текстилен отпад под менторство на дизајнерката Ирина Тошева, работа ученици од средните текстилни училишта во Северна Македонија: „Димитар Мирасчиев“ - Штип, „Ацо Русковски“ - Берово, „Миле Јаневски Џингар“ - Македонска каменица, „Ванчо Прќе“ - Виница, „Методи Митевски Брицо“ - ДЕлчево како и студентите од Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

Креативната работа од овие пет средни текстилни училишта и Универзитетот „Гоце Делчев“ Технолошко-технички факултет од нашата земја ги презентираа своите модни изработки преку модна ревија во организација со Здружение - Текстилен кластер од Македонија во соработка со Моден викенд Скопје и Концепт Моден кластер.

Мотив на проектот е текстилната индустрија да се прикаже како атрактивна гранка за младите луѓе и придонесувач во економскиот развој на земјата. Клучна цел е дасеобезбеди стручно образование што го покрива целиот спектар наактивности во модата и текстилот и да развие  студенти со глобална визија, чувство на општествена одговорност, критичко и креативн размислување. На тој начин новата генерација на модни дизајнери и инженери ќе о водат и зајакнат развојот на модната и текстилната индустрија во земјата.

Manekenka-1024x576
122748192_3710184859002700_7644860421518323760_o
120745598_964562290692148_1491405212935828472_n
122657297_379102013211257_9126961183193024857_n

Македонскиот Текстилен кластер во соработка со МВСК и КМК беше организатор на менторски активности како дел од новиот проект на ИПА погранична програма Бугарија - Северна Македонија „Современа текстилна индустрија како атрактивна кариерна патека за младите генерации и придонесувач за економскиот разој и социјален просперитет на прекуграничниот регион јули 2019 - ноември 2020“.

eu-flag

This project is co-financed by European Union 

INTERREG - IPA CBC CCI NUM. 2014TC16I5CB006