Почитувани ученици и родители
Согласно, Насоките за постапување од Министерството за образование и наука бр.08-4147/1 од 25.03.2020г, СОУ ,,Димитар Мирасчиев” – Штип, Ве известува дека за време на вонредната состојба, ќе се применува далечинско учење, односно учење од дома, со средства за електронска комуникацијa кои обезбедуваат реализација на настава без заедничко физичко присуство на учесниците во наставниот процес и кои овозможуваат взаемна двонасочна комуникација.
Владата ги одобрува/предложува следниве едукативни алатки: Microsoft Teams , Google Classroom, Google Drive, Edmodo кои обезбедуваат взаемна двонасочна комуникација, но наставникот може да користи и други средства за електронска комуникација (Zoom, Quizizz, Messenger chat, e-mail, Facebook group, Skype, Viber, SMS) за да реализира настава, организира вежби, тестирања, проверка и објективно оценување на знаењето на учениците.
Презентација и одбрана на Проектните задачи ќе се реализира преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација, во роковите кои се утврдени со Календарот за организација на уч.2019/20год во јавните средни училишта (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ број 156/2019).
Во услови на далечинско учење, Директорот формира Тим за поддршка и следење на реализација на далечинско учење со примена на средства за електронска комуникација, односно учење од дома.
27.03.2020
СОУ “Димитар Мирасчиев“ – Штип