Училишна библиотека

Библиотеката во нашето училиште претставува постојан извор на знаења и место каде учениците ќе се информираат, едуцираат, воспитуваат преку богатиот книжевен фонд со што библиотеката ќе биде дел од воспитно-образовниот процес на училиштето. Оваа цел ќе се постигне преку повеќе различни активности во текот на целата учебна година. Важна улога ќе завземе и соработката со учениците и наставниците преку различни форми – посета на изложби, разговори со автори, насочување кон правилно користење на книжниот фонд и сл. 

Наставниците, исто така, ќе можат да го користат книжниот фонд за сопствено професионално и стручно усовршување, но и во редовната работа и слободните училишни активности. Библиотеката ќе настојува и оваа година да го збогати својот фонд на книги со нови наслови преку донации од општински и државни институции, стопански претпријатија, поединци и од сопствени средства. Покрај тековните обврски библиотекарот ќе оствари соработка и со директорот на училиштето, стручните служби, класните раководители, наставниците и родителите.

Библиотеката во училиштето овозможува запишување на нови членови кои се редовни ученици со статус редовно запишан, запознавање на учениците со библиотечниот фонд. Учениците можат да позајмуваат литература која им е неопходна за учење и збогатување на вокабуларот.