ИНТЕРЕН ОГЛАС
Статус на редовен или вонреден ученик во средното образование се стекнува со запишување во средното образование.
Запишувањето на редовни ученици во јавните средни училишта, се врши по пат на јавен конкурс објавен во јавните печатени медиуми.
СОУ „Димитар Мирасчиев” - Штип во учебната 2021/2022 година во прва година, согласно Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта, ќе се запишат 102 ученика во 3 паралелки, со настава на македонски јазик според наставни планови и програми, за следните образовни профили, односно квалификации:
Т е к с т и л н о к о ж а р с к а с т р у к а
Образовен профил
Број на паралелки
Број на ученици во паралелка
Траење на образованието
Минимум потребни поени
Техничар за изработка на облека / Техничар за моделирање на облека
1
34
4 години
45
Техничар за дизајн на облека
1
34
4 години
45
Конфекционер
1
34
3 години
30
Кликни на линкот за да си ги пресметаш бодовите за запишување
Услови за запишување на учениците
- да имаат завршено основно образование;
- да не се постари од 17 години;
- да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој конкурс
Потребни документи за запишување
При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:
- пријава за запишување (се подига од училиштето и истата е бесплатна);
- оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
- дипломи (доколку имаат) од освоени I, II и III места од меѓународни и државни напревари;
- извод од матичната книга на родените без оглед на датумот на издавањето.
Конкурсни рокови
Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања, во месец јуни.
Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 14 јуни 2021 година во период од 12:00 часот до 19 часот, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 15 јуни 2021 година.
По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат.
Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 15 и 16 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 17 јуни 2021 година.
Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 17 јуни 2021 година во период од 07:00 до 15:00 часот, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2021 година.
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 23 август 2021 за што доставуваат доказна документација.
Критериуми за избор
Критериуми за избор на учениците се:
− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
− дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
− средна вредност од поени добиени за поведение.
Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.
КОНКУРС
за запишување ученици
во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година
во Република Северна Македонија
ПРЕГЛЕД
на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во
критериумите за рангирање на успехот на учениците
Струка
Наставни предмети кои се задолжителни
Наставни предмети кои се од значење на струката
УПАТСТВО ЗА ПРЕМИН ОД ЕДЕН ВО ДРУГ ВИД НА ОБРАЗОВАНИЕ
Запишувањето на вонредни ученици во јавните средни училишта, се врши со поднесување барање до училиштето (наставнички совет).
Вонредните ученици образованието го стекнуваат со само-образование, по пат на полагање на испити според одредени планови и програми во средното училиште во кое се запишале како вонреден ученик. Како вонреден ученик може да се запише лице кое е постаро од 17 години, кое е на подолго боледување, кое е во работен однос или во други случаеви утврдени со статутот на училиштето.
Насоки за запишување вонредни ученици
Хоризонталната проодност дава можност, ученикот во текот на своето образование да го менува видот на образование пред неговото завршување и да продолжи во друг вид образование, но под јасно утврдени услови.
Ученикот може да премине од еден во друг вид на програми за средно образование по завршување на учебната година во едниот вид на образование, со запишување во другиот вид на образование во уписните рокови предвидени со конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта за тековната учебна година (јуни и август).