Опис на квалификацијата
Квалификацијата Техничар за моделирање на облека (ТМО), на ученикот му обезбедува знаења, вештини и компетенции да изработи идејна скица на облеката и реализација на идејата со изработка на прототип на модел на облека. Ова ќе се постигне преку содржините од:
Стручно образование (СО)
- Задолжителни стручни модули во кои се застапени повеќе стручни модули односно стручни предмети
- Практична настава (ПН)
- Изборни стручни модули во кои се застапени неколку изборни стручни модули односно предмети
Практично образование кое се состои од:
- Учење преку работа кај работодавач
- Феријална практика (по завршување на прва, втора и трета година на образование)
Содржини програмирани од училиштето
Стручна матура или завршен испит
стручните задолжителни и изборни предмети (модули), практичната настава, учење преку работа кај работодавач, феријална прњактика, содржини програмирани од училиштето, стручна матура или завршен испит.