Опис на квалификација
Квалификацијата Техничар за моделирање на облека (ТИО), на ученикот му обезбедува знаења, вештини и компетенции да крои, шие и доработува облека. Ова ќе се постигне преку содржините од:
Стручно образование (СО)
- Задолжителни стручни модули во кои се застапени повеќе стручни модули односно стручни предмети
- Практична настава (ПН)
- Изборни стручни модули во кои се застапени неколку изборни стручни модули односно предмети
Практично образование кое се состои од:
- Учење преку работа кај работодавач- Феријална практика (по завршување на прва, втора и трета година на образование)
Содржини програмирани од училиштето
Стручна матура или завршен испит