Опис на квалификацијата
Квалификацијата Техничар за дизајн на облека (ТДО) на ученикот му обезбедува знаења, вештини и компетенции да изработи идејна скица на облеката и реализација на идејата со изработка на прототип на модел на облека.
Ова ќе се постигне преку содржините од стручните задолжителни и изборни предмети (модули), практична настава, учење преку изработка кај работодавач, феријална практика, содржини програмирани од училиштето, стручна матура или завршен испит.
Повеќе за описот на квалификацијата со образложение ќе најдете на страната на ЦСОО во Стандардот на квалификацијата за Техничар за дизајн на облека.