ПРОЕКТИ

Вклученост на училиштето во:


  • Проект на CISS (Associazione Culturale Cooperazione Internazionale Sud Sud), Palermo Italy, преку ЦИСС ( Мегународна Соработка Југ Југ подружница во Р.Македонија), “INS – In School (ИНС-во училиштата) и СОУ„Димитар Мирасчиев“ Штип

Генерални цели

Негување на дијалогот за човекови права во националниот образовен систем.


Специфични цели

Промовирање на национална мрежа за човекови права на учениците и наставниците во средни училишта во земјата.

  • Проект на УСАИД - „Младинска мрежа за стекнување на вештини за вработување (ЈЕС Мрежа)“

Претставници од СОУ „Димитар Мирасчиев“ во учебните 2014/2015 и 2015/2016 година, зедоа учество во работилниците и обуките за „Планирање на Кариера и кариерно советување во Средните училишта“, организирани во рамките на Проектот на УСАИД - „Младинска мрежа за стекнување на вештини за вработување (ЈЕС Мрежа)“.

  • Проект на УСАИД за Меѓуетничка интеграција во образованието - МИО

На 29.09.2015 година во Хотел Континентал, Скопје, се одржа Саем на модел Училишта во рамките на проектот на УСАИД за Меѓуетничка интеграција во образованието, имплементиран од страна на Македонски Центар за Граѓанско образование во партнерство со Центарот за човечки права и разрешување на конфликти. На саемот учествуваа преставници од СОУ „Димитар Мирасчиев“.

  • Проект за воведување на средношколците на пазарот на трудот „Одбиј работа на црно“

На 15.10.2015 година претставници од Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Р.Македонија, Агенцијата за привремени вработувања „Партнер“ и Агенцијата за привремени вработувања „Лизинг“  во СОУ „Димитар Мирасчиев“ одржаа презентација на активностите од проектот за воведување на средношколците на пазарот на трудот „Одбиј работа на црно“ на учениците од завршната година на образование во нашето училиште.

  • Саем за кариера „Биди мотивиран – успеј во сонот“ од страна на Локалниот Економско Социјален Совет (ЛЕСС) Штип

На 27.04.2016 година во Дом на млади, Штип беше организиран Саем за кариера „Биди мотивиран – успеј во сонот“ од страна на Локалниот Економско Социјален Совет (ЛЕСС) Штип, Општина Штип и Дом на млади во соработка со УСАИД ЈЕС Мрежа.  На Саемот се промовираше и СОУ „Димитар Мирасчиев“ со презентација за училиштето како и со штандови на кои беше изложена облека изработена од учениците од втора, трета и четврта година во текот на нивната практична работа во училиштето.

  • Проекти за мали и средни претпријатија (мсп) во рамки на програмата хоризонт 2020

Претставници од СОУ „Димитар Мирасчиев“ зедоа учество на првиот информативен настан за бизнис зедницата од Источниот плански регион на тема „Проекти за мсп во рамки на програмата хоризонт 2020“ кој се одржа на 10.02.2016 година. Настанот беше организиран од Центарот за развој на Источен плански регион во рамки на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“. Проектот се спроведува со техничка и финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP). 

  • Менаџерски вештини за раст на мали и средни претпријатија

Претставници од СОУ „Димитар Мирасчиев“ зедоа учество на седмиот информативен настан за бизнис зедницата од Источниот плански регион на тема „Менаџерски вештини за раст на мали и средни претпријатија“ кој се одржа на 23.02.2016 година. Настанот беше организиран од Центарот за развој на Источен плански регион во рамки на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“. Проектот се спроведува со техничка и финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).