ПОЛАГАЊЕ ИСПИТИ

Правила за полагање на поправни, вонредни и други испити во училиштата за средно образование


Полагањето   на   испити   во   училиштата   за   средно   образование   е   регулирано со Правилник за начинот на следење, проверување  и оценување, полагање на испити и напредување на учениците во  средното образование (член 15) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/02). 


Согласно Правилникот за начинот на следење, проверување и оценување, полагање на испити и напредување на учениците во средното училиште учениците полагаат: 

- Поправни испити 

- Испити на годината 

- Дополнителни испити 

- Испити за вонредни ученици 

- Испити за побрзо напредување на учениците и

- Испити за полагање на матурски и завршни испити


Поправни испити полагаат учениците кои на крајот од наставната година имаат негативни оценки по два наставни предмети.Поправните испити учениците ги полагаат во два испитни рока: јуни и август.


Испитите на годината по одделни предмети учениците ги полагаат во два испитни рока: јуни и август.


Дополнителните испити учениците ги полагаат при премин од еден во друг вид на програма за средно образование, во три испитни рока: август, септември и октомври, а најдоцна до крајот на првото полугодие. Учениците во еден ден можат да полагаат само по еден предмет од дополнителните испити. Правилник за начинот и постапката за преминувањеод еден во друг вид на стручно образование.


Испитите за вонредни ученици се полагаат во шест испитни рока: октомвридекември, февруариаприл, јуни и август. Вонредниот ученик во еден испитен рок може да пријави за полагање најмногу три предмети а во еден ден може да полага само еден предмет. СООПШТЕНИЕ за вонредните ученици.


Испитите по факултативните програми учениците ги полагаат во два испитни рока: јуни и август.


Мислењето за постигањата на учениците во задолжителните активности во стручното образование (задолжителни програми-слободни часови на училиштето), не влијаат на општиот успех а се внесуваат во свидетелството. Ученикот кој во првото односно второто полугодие не покажал задоволителен интерес и постигања, треба да ги исполни барањата предвидени со задолжителните активности во стручното образование до крајот на годината.


За полагање на било какви испити во училиштето се истакнува распоред за полагање на огласната табла на училиштето  и тоа најмалку пет дена пред започнувањето на полагањето.


За полагање на испит ученикот поднесува пимено барање (пријава) во роковите определени од училиштето. Вонредните кандидати кон барањето за полагање на испит приложуваат свидетелство за предходно завршено образование.


За  пријавување и полагање на испити се употребува однапред отпечатена пријава и записник (да се отпечати двострано) кои треба да бидат уредно и целосно пополнети со сите потребни податоци и архивирани.


Барање за издавање втор примерок (дуплкат) документ.