ПЕДАГОШКИ МЕРКИ

Изрекување на педагошки мерки

(постапка и евиденција на изречените мерки)


На учениците кои не ги исполнуваат своите обврски и не ги почитуваат правилата во училиштето,  им  се  изрекуваат педагошки  мерки  утврдени  со Законот за Средно образование и Стаутот на училиштето. Со Законот за Средно образование предвидени се следниве педагошки мерки: писмена опомена, опомена пред отстранување и отстранување од училиштето. 


Писмена опомена на ученикот може да изрече Раководителот на паралелката, Советот (колегиумот) на паралелката или Директорот.


Мерките опомена пред отстранување и отстранување на ученикот од училиштето може да ги изрече Наставничкиот Совет. 


Ако ученикот се отстрани од училиштето поради изрекување на педагошка мерка „Отстранување од училиштетото“, потребно е на ученикот да му се обезбеди место во училиште од истиот вид на образование. 


Ученикот кој е незадоволен од изречената мерка (опомена пред отстранување или отстранување  од училиште), може да поднесе приговор  до органот  на управување  на училиштето (Училишниот одбор), во рок од 8 дена од денот на приемот на одлуката. Училишниот одбор изречената мерка може да ја потврди, замени или укине. Одлуката по приговорот е конечна. Мерката отстранување на ученикот може да се изрече само за потешки повреди на должностите  утврдени со статутот на училиштето,  и ова мерка важи само за тековната учебна година. 


Начинот на изрекување на педагошки мерки на учениците, поблизу се уредени со Упатството донесено од Министерството за образовние и наука. 


Предлог за започнување постапка за изрекување педагошка мерка на ученикот може да поднесе Раководителот на паралелката, Наставник или друго лице кое работи во училиштето, родител или ученик. Предлогот за започнување постапка задолжително се изготвува во писмена форма и е заведен во деловодникот за работа. Постапката за изрекување на педагошка мерка ја води Раководителот  на паралелката.