ОБУКИ

Вклученост на училиштето во:


  • Обука за користење на„интерактивни-современи методи и техники во наставата за средно образование“ организирана од страна на БРО

На 28.05.2016 година, сите наставници од СОУ "Димитар Мирасчиев" ја проследија обуката за користење на "Интерактивни-современи методи и техники во наставата за средно образование" и се здобија со Сертификат за учество во траење од 16 часа.

  • Oбукa за „Планирање на Кариера и кариерно советување во Средните училишта“

Претставници од СОУ „Димитар Мирасчиев“ во учебните 2014/2015 и 2015/2016 година зедоа учество во работилниците и обуките за „Планирање на Кариера и кариерно советување во Средните училишта“, организирани  во рамките на Проектот на УСАИД  - „Младинска мрежа за стекнување на вештини за вработување“ (ЈЕС Мрежа).

  • Специјализирана обука наменета за мултисекторски тим кој работи на случаите на семејно насилство на ниво на општина Штип

На 30.11.2015 и 01.12.2015 година, општина Штип во соработка со МТСП и УНДП оранизираше специјализирана обука наменета за мултисекторски тим кој работи на случаите на семејно насилство на ниво на општина Штип. Обуката беше со фокус на новите законски решенија кои се воведоа во 2015 година со новиот закон за превенција, спречување и заштита од семјно насилство. Во обуката беа вклучени професионалци од Полицијата, Центарот за социјална работа, Медицински установи, Адвокати, Судии и Образовни институции. Учесник од СОУ „Димитар Мирасчиев“ на обуката беше психологот на училиштето. 

  • Школа за иновации и претприемништво, организирана од Центарот за развој на Источниот плански регион и регионалниот Бизнис Центар при ЦРИПР во соработка со Gestalt Solutions Штип

Во периодот од 14 - 18.03.2016 година во Делчево се оддржа првата од двете предвидени Школи за иновации и претприемништво организирана од Центарот за развој на Источниот плански регион и регионалниот Бизнис Центар при ЦРИПР во соработка со Gestalt Solutions Штип. Целта на школата беше да им озвозможи на младите, талентирани и амбициозни луѓе од регионот да ги надградат и усовршат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и претприемачки способности. Школата за иновации и претприемништво се организираше во рамките на проектот „Формирање на Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источниот плански регион“ кој што е технички и финансиски помогнат од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP). На школата зеде учество ученичката Исидора Петкова од СОУ „Димитар Мирасчиев“.