Сегашното СОУ „Димитар Мирасчиев“ Штип е основано далечната 1952 година како техничко училиште за потребите на тогашната предилница за памук позната меѓу работниците како „предарата“. Од тогаш до денес училиштето поминало низ многу реформи.
Хронолошки тоа изгледа вака:
- Учебна 1952/53 како индустриско училиште за потребите на тогашната предилница за памук, Учебна 1956/57 се трансформира во техничко-текстилно училиште за потребите на тогашната фабрика „Македонка“,
- Учебна 1961/62 година се трансформира во училиште за образование на кадри од текстилна струка позната како училишен текстилен центар,
- Учебна 1978/79 година нови реформи, (наместо 2 годишно е воведено 3 годишно стручно образование а во 4 годишно, после 2 годишно општо стручно образование следеа уште 2 годино тесно стручно образование во некои од образовните профил)
- Учебна 1981/82 година училиштето за прв пат доби свој патрон во чест на првоборецот „Видое Смилевски-Бато“, а од учебната 1993/94 нов ПАТРОН во чест на револуционерот-Димитар Мирасчиев.
- Учебна 1998/99 година е верифицирано и за кожарска струка за образовен профил „Кожарски техничар“ а од 1999/2000 за „Техничар за обувки“,
- Учебната 2004/05 година, според реформите во стручното образование училиштето е верифицирано за образование на кадри од текстилно-кожарска струка, за образовните профили со четиригодишно траење Kонфекциски техничар, Tекстилен техничар, Tехничар за обувки, а од
- Учебната 2011/12 година, во постојната текстилно-кожарска струка е воведен нов образовен профил насловен како Конфекциски компјутерски оператор, а од
- Учебната 2014/15 и Конфекционер според реформиран наставен план и програми со тригодишно траење на образованието.
- Од учебната 2019/2020, започна нова реформа со средното стручно образование со нови квалификации и модуларно дизајнирани наствани програми компатибилни со бизнис секторот.