Димитар Мирасчиев е лик на револуционер и визионер во борбата за национална слобода и социјална правда. Личноста на Димитар Мирасчиев на својствен и прогресивен начин, остави печат на времето, кое силно се втиснало во современата историја на Македонија.
Роден е на 10 август 1872 год во Штип, татко му Пане бил шивач, учел во Цариград за дамски кројач, прераната смрта на Пане ја оставил Софија вдовица да се грижи за четирите деца. Со ткаење и продавање платно го издржувала семејството.
Димитар основно образование завршил во Штип, а гимназија во Солун. На Софискиот универзитет завршил хемија. Во учебната 1892/93 година, Димитар доаѓа како учител по предметот краснопис во штипско Ново Село.
Каква коинциденција, точно по 100 години од учебната 1993/94 година, текстилното училиште во Штип го менува патронот од „Видое Смилевски-Бато“ во „Димитар Мирасчиев“.
Денот на училиштето (Патронат) се чествува на 28 октомври, денот на неговото покојување.
Човек е жив додека не се заборави, Слава му!